Останати спортови

Одбојкарите во Струмица, а одбојкарките во Скопје домаќини на дуел во ЕЛ

Одбојкарите во Струмица, а одбојкарките во Скопје домаќини на дуел во ЕЛ

Одбојкарската федерација на Македонија ги одреди градовите каде двете сениорски репрезентации, како домаќини ќе ги играат натпреварите во Европската лига.

Машката селекција настапот ќе го започне на домашен терен.

Македонија ќе биде еден од домаќините на првите турнири.

Тој ќе се игра од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица, каде Македонија ќе ги пречека националните тимови на Луксембург и Холандија.

Според веќе дефинираниот распоред Македонија турнирот го отвора против Холандија на 5 јуни.

Ден подоцна (6 јуни) машата селекција е слободна, додека на 7 јуни ќе се соочи со Луксембург.

Женската репрезентација, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде организатор на третиот викенд турнир. Во периодот од 19 до 21 јуни, во Европската лига, ќе гостуваат Хрватска и Словенија.

Турнирот го стартуваме со Хрватска на 19 јуни,. Во второто коло сме слободни, додека Словенија е противникот со кој играме на 21 јуни.

Од оваа година Европската лига добива и ново значење и нова тежина за сите нејзини учесници. Лигата ќе биде квалификациски циклус за Европското првенство 2028 година.

To top