Македонската машка одбојкарска сениорска репрезентација загуби од Израел со 3:2 по сетови (26:24, 25:22, 22:25, 24:26, 15:9) во последниот натпревар на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“.
Противникот беше одличен тест за нашата репрезентација пред квалификациските натпревари за Европското првенство во 2026 година со Грузија и со Грција на 17 и на 25 август.
Претходно нашите одбојкари на турнирот „Чајка“ славеа над Косово со 3:0 (25:12, 25:7, 25:19).
Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најефикасен на мечот во салата „Парк“ во Струмица со 24 поени, Александар Љафтов запиша 19, двоцифрен беше и Филип Маџунков со 13. Филип Савовски имаше девет поени, Владо Милев осум, Ѓорѓи Ѓорѓиев три, а резервистот Филил Лепидовски забележа еден поен.