Канцеларијата на државниот обвинител во Будимпешта поднесе денеска обвинение против поранешниот претседател на Меѓународната федерација во кревање тегови (IWF), 86-годишниот Унгарец Тамаш Ајан, за проневера на неколку стотици илјади евра.
-Во периодот меѓу 2019 и 2020 година, тој проневери вкупно 532.367 евра на неколку рати од една од сметките на Федерацијата, соопшти Обвинителството, без директно да го именува Ајан.
Ајан во 2017 и 2019 година, исто така, проневерил 111.700 евра за хонорари и трошоци, според обвинителите, кои бараат затворска казна, глоба и забрана за вршење функција. Ајан беше претседател на IWF од декември 2000 до април 2020 година.
Спортскиот суд за арбитража со седиште во Лозана веќе му изрече доживотна забрана на Тамаш Ајан, кој беше принуден да поднесе оставка во 2020 година по дваесет години на чело и беше осуден за фалсификување во антидопинг постапки. Седиштето на IWF се пресели од Будимпешта во Лозана по овој скандал.