Преостануваат уште неколку спортски настани до крајот на годината и доаѓа период на сумирање на резултатите и прогласување на најдобрите.
Сојузот на спортови и Министерството за спорт на Македонија денес ги објавија номинациите за најдобрите спортисти за 2024 година.
Шахистот Тони Лазов, кикбоксерот, Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, кајакарот Ангел Петрушев и голманот Столе Димитриевски се во комбинација за спортист на годината.
Теквондистката Милјана Рељиќ, каратистката Михаела Мишовска, ракометарката Сара Ристовска, кикбоксерката Леа Бошевска и фудбалерката Наташа Андонова ќе се борат за признанието најдобра спортистка
Ќе се доделат признанија и за најдобар млад спортист и спортистка на годината, најуспешен женски и машки национален тим, најуспешен спортист на лице со инвалидитет, најуспешен тренер/селектор и најуспешна спортска федерација.