Останати спортови

Нови правила и промени во ватерполо играта

Нови правила и промени во ватерполо играта

Главната новина е намалувањето на должината на теренот во машка конкуренција, која сега ќе биде 25 наместо досегашните 30 метри.

Покрај тоа, времето за напад е скратено на 25 наместо 30 секунди, со што се очекува натпреварите да станат побрзи и поинтензивни.

Дополнителни измени вклучуваат и намалување на времето на вториот напад од 20 на 15 секунди, како и скратување на времето за напад со играч повеќе од 20 на 15 секунди.

Овие нови правила имаат за цел да го поттикнат побрзиот тек на играта и да го зголемат бројот на акции и шанси за голови.

Во однос на составот на тимовите, записникот сега ќе содржи 14 играчи наместо 13, со дозвола за максимални 12 играчи на терен и двајца голмани.

Покрај ова, тимовите добиваат можност за користење на сите седум играчи во напад, а тренерите ќе имаат право на еден челенџ по натпревар во специфични ситуации.

ВАР системот, кој веќе се користи во ватерполо, ќе продолжи да се применува, но само во определени случаи.

Новите правила се веќе на сила од почетокот на месецов и ќе бидат применувани во сите големи натпреварувања, вклучувајќи ги Светските првенства и Олимписките игри.

To top