Европското првенство во ватерполо кое за првпат во историјата ќе се организира во две земји и три града, па ватерполистките од 5 јануари ќе играат во Ајндховен, додека машкиот турнир ќе се одржи во Загреб и Дубровник.
Во последен момент Хрватска и Холандија добија можност да бидат домаќини на ЕП, кое требаше да се игра во Израел, но поради војната се бараше нов домаќин. И покрај „прераспределбата“ на првенството во последен момент, хрватските организатори завршија огромна работа за само еден месец.
Шампионатот ќе биде историски и од друг аспект, бидејќи дебитира и дволигашкиот формат на натпреварувањето. Во првата лига, осумте најдобри селекции од 2022 година ќе играат во две групи, додека осумте селекции кои минаа низ квалификациите се исто така се распоредени во две групи по четири селекции.
Со тоа се обезбедуваат поатрактивни и повозбудливи натпревари во групната фаза, за да се избегнат победи со по 20 гола разлика.
Двете првопласирани екипи во првата дивизија директно ќе се квалификуваат во четвртфиналето, додека третопласираните и четвртопласираните тимови ќе се соочат со прво и второпласираните тимови од втората дивизија.