Норвешкиот атлетичар Јакоб Игебригтсен постави нов светски рекорд на 3.000 метри.
Целта Норвежанецот ја мина за 7:17:55 минути и тоа беше за три секунди подобро од рекордот кој пред 28 години го постави Кениецот, Даниел Комен.
Претходно овој месец Ингебригтсен стигна до олимписката титула во Париз на 5.000 метри, а покрај поставениот рекорд на 3.000 метри, тој ги држи и рекордите на 2.000 метри и 1.500 метри во сала.