Доминацијата на Макс Вертапен во Формула 1 шампионатот продолжи и оваа сезона во која холандскиот возач на Ред Бул стигна до четвртата последователна титула и тоа пред крајот на шампионатот.
Големата награда на Лас Вегас, Ферстапен ја заврши на петтата позиција, едно место пред Ландо Норис кој е втор на табелата на возачи, сега со недостижни 63 поени.
За разлика од претходните две сезони кога Ферстапен доминираше од самиот почеток па до крајот на сезоната, оваа сезона Норис беше на врвот на својата задача, но малку му фалеше за голем подвиг кој пак го најави во 2025 година кога цели кон прекин на доминацијата на Холанѓанецот.
„Следната година ќе влеземе во сезоната со автомобил со кој мислиме дека можеме да ја освоиме шампионската титула од првата трка и јас сум многу возбуден поради тоа. Чувствувам дека можам да се борам за шампионска титула, го имам она што е потребно и можам да се борам против Макс“, изјави Норис.