Квалификациите за Големата награда на Холандија во Зандворт каде Ландо Норис беше одличен за Мекларен и ќе тргне од пол-позицијата.
Норис со ова стави крај на серијата на Верстапен од три последователни пол-позиции на домашен терен.
Зад нив двајца ќе бидат Оскар Пјастри од Мекларен и Џорџ Расел од Мерцедес. Серхио Перез ќе тргне од петтата позиција, а во третиот стартен ред ќе му се придружи и Чарлс Леклер од Ферари. Трката за ГН на Холандија се вози во недела од 15:00 часот.