Останати спортови

Насер Ал-Атијах по шестти пат победник на Релито Дакар

Насер Ал-Атијах по шестти пат победник на Релито Дакар

Насер Ал Атијах ја обезбеди својата 6 титула на легендарното рели Дакар, кое повторно се возеше низ пустините на Саудиска Арабија.

Искусниот Катарец со својата Дачиа без поголеми проблеми ја одбрани предноста во последната етапа и избегна кикс, откако во петокот стигна до својот јубилеен 50. етапен триумф во кариерата на Дакар.

Ал Атијах ја заврши завршната етапа на деветтото место, но тоа беше доволно за одбрана на врвот во генералниот пласман со предност од десет минути пред второпласираниот Нани Рома од Форд.

Третото место во вкупниот поредок му припадна на Матијас Екстром, исто така возач на Форд, кој беше најбрз во последната етапа на релито.

Со оваа победа, 53 годишниот Ал Атијах по шести пат се искачи на врвот на најтешкото рели на светот.

Претходно Катарецот славеше во 2011, 2015, 2019, 2022 и 2023 година, а зад себе има и олимписка бронза од Лондон 2012 во стрелаштво.

To top