Штипски Младост УГД со победа од 0-3 во сетови се враќа од гостувањето кај Струмица Жени во последниот есенски натпревар за двете екипи во Првата женска одбојкарска лига.
Штипскиот состав единствено во вториот сет имаше мал пад на концентрацијата, кога дозволи противникот да направи серија од 10-0 и да ја превземе иницијативата, но во финишот ја реализираше втората сет топка за 25-27.
Рутинска победа запиша и лидерот ОК Наковски волеј над Фит Фан Волеј. Победа од 3-0, за „девет од девет” победи во првиот дел од сезоната.
Останатите натпревари од последното коло од првиот дел кај дамите се играат викендов и следната недела.