Бугарската агенција – БТА ја објави листата на ТОП-10 спортисти на Балканот од традиционалниот избор на најдобрите. На листата има претставници од Србија, Грција, Хрватска, Романија, Турција и Бугарија.
ТОП-10 спортисти на Балканот по азбучен ред се:
Апостолос Христу (Грција) – пливање
Барбара Матиќ (Хрватска) – џудо
Давид Поповиќ (Романија) – пливање
Душан Мандиќ (Србија) – ватерполо
Јусуф Дикеч (Турција) – стрелаштво
Карлос Насар (Бугарија) – кревање на тегови
Костас Слукас (Грција) – кошарка
Милтиандис Тентоглу (Грција) – атлетика
Никола Јокиќ (Србија) – кошарка
Новак Ѓоковиќ (Србија) – тенис
Најдобриот спортист на Балканот и резултатите од анкетата ќе бидат објавени на церемонија во јануари.
Во традиционалното гласање во кое учествува и Медиумската информативна агенција (МИА) учествуваат и националните агенции на земјите од регионот – БТА (Бугарија), АНА-МПА (Грција), АДЖЕРПРЕС (Романија), Анадолска Агенција (Турција), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ХИНА (Хрватска), ФЕНА (Босна и Херцеговина), КНА (Кипар) и АТА (Албанија).