Враќањето на американската скијачка Линдзи Вон во скијањето на Светскиот куп на 40-годишна возраст послужи како инспирација за Јуриј Подлачиков.
Овој 36-годишен Русин, кој го освои златниот медал во сноуборд во дисциплината полупајп на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, одлучи да се врати од спортската пензија и се надева дека ќе учествува на Зимските олимписки игри следната година.
Тој има шокантна животна приказна бидејќи пред шест години погрешно му бил дијагностициран рак. Имал сериозен пад, доживеал крварење на мозокот, а по неколку месеци лекарите заклучиле дека има рак на желудникот.
За среќа, во пресрет на операцијата, се покажало дека се работи само за чир на желудникот, што на Подлатчиков му дало нова енергија и мотив за живот.
-Имав непроспиени ноќи неколку години. Се чувствував како да сум во концертна сала каде што последните ноти не беа синхронизирани. За враќањето размислував долго време. Отпочеток тоа беше само мала идеја која полека растеше, како снежна топка која станува се поголема и поголема.