Откако завршија Олимписките игри во Париз , веќе започнаа подготовките за следниот најголем спортски настан во светот, Игрите кои за четири години ќе се играат во Лос Анџелес.
Според најавите на следната Олимпијада ќе има пет нови спортови, кои ги немаше во Париз.
Крикетот ќе биде вратен на Игрите по пауза од повеќе од еден век. Бејзболот беше на ЛОИ прв пат во Барселона во 1992 година и беше дел од сите игри до Токио пред три години. Сега во Париз бејзболот го немаше, но се враќа на сцената на Игрите во Лос Анџелес.
За прв пат на ЛОИ во Лос Анџелес ќе се промовираат спортовите како што се лакрос, сквош и флег фудбал.