Останати спортови

На 12 и 13 април ќе се одржи традиционалниот Илинденски кајак слалом – ИКАС 2025

На 12 и 13 април ќе се одржи традиционалниот Илинденски кајак слалом – ИКАС 2025

Министерството за спорт ќе биде генерален покровител на 56. традиционален Илинденски кајак слалом – ИКАС 2025, кој ќе се одржи овој викенд (12-13 април) на патеката „Матка“

ИКАС е еден од најстарите спортски настани во земјава, и Министерството за спорт силно се залага да ја издигне оваа манифестација на повисоко ниво.

Министерот за спорт, Борко Ристовски верува дека преку соработка со новото раководство на Кајакарската федерација, ќе се отворат можности за организирање на уште посилни и повпечатливи натпреварувања.

За прв пат во својата историја на постоење, од оваа година Илинденскиот кајак слалом е прифатен како натпревар на кој натпреварувачите ќе се освојуваат бодови за Светската ранг листа на ИЦФ.

Натпреварите ќе се одвиваат во два натпреварувачки дена. В сабота (12 април) ќе се одржи 56 издание на ИКАС отворен натпревар на кој ќе можат да настапат поголем број на натпреварувачи кои сѐ уште немаат освоено бодови во ИЦФ.

Натпреварот ќе биде составен од две возења, а победникот ќе биде одлучен согласно подоборот време од двете возења. За овој отворен натпревар се предвидени четири категории и тоа кајак (К1) мажи, кајак (К1) жени, кану (Ц1) мажи и кану (Ц1) Жени.

Во недела на 13 април е предвиден ИЦФ Ранкинг натпреварот во слалом ИКАС 2025. И за овој натпревар е предвидено да се одржат четирите гореспоменати категории, но принципот на натпревари ќе биде во согласност со најновите ИЦФ правила.

Во првото возење ќе се натпреваруваат сите пријавени натпреварувачи и 12 пласирани натпреварувачи во сите категории ќе преминат дирекно во второ возење кое воедно ќе биде и финален натпревар

To top