Шампионатот во МОТО ГП ќе се одржува во Чешка, а тоа е објавено е на официјалната веб-страница на самото натпреварување.
Трките ќе се организираат на легендарната патека во Брно, почнувајќи од 2025 до 2029 година.
„Среќни сме што можеме да го објавиме нашето враќање во Брно. Тоа е класика. Многу сме среќни што ќе им го вратиме шампионатот во Мото ГП на нашите навивачи во Чешка“, рече извршниот директор Кармело Еспелета.
Трките од шампионатот во Мото ГП последен пат се одржаа на патеката во Брно во 2020 година.