Италијанскиот возач на Дукати Франческо Бањаја триумфираше на денешната трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Тајланд на патеката Бурирам.
Бањаја стигна до својата деветта победа сезонава со резултат 43:38.108.
Второто место го освои возачот на Прамак, Шпанецот Хорхе Мартин, кој заостана нешто помалку од три секунди зад Бањаја. Трет беше Шпанецот Педро Акоста од тимот на Red Bull Gasgas Tech.
Првото место во генералниот пласман кај возачите го држи Мартин со 453 бодови, додека Бањаја е втор со 436.
Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 3 ноември за Големата награда на Малезија.