Шведскиот скокач и атлетичар Мондо Дуплантис постави нов рекорд во својата кариера, откако го освои златниот медал во скок со стап на Олимписките игри во Париз.
Дуплантис при третиот обид скокна 6,25 метри и го урна рекордот на Бразилецот Браз Тиаго од Олимписките игри во Рио Де Жанеиро.
Второто место го освои Сем Кендрикс со скок од 5,95 метри, додека трет беше Емануил Каралис со 5,90 метри.