Останати спортови

Моќта на спортот: Усвоена резолуцијата за светски мир за време на Олимпијадата

Моќта на спортот: Усвоена резолуцијата за светски мир за време на Олимпијадата

Генералното собрание на Обединетите нации едногласно ја усвои Резолуцијата за Олимпиското примирје во пресрет на Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026.

Со ова, 165 земји се обврзуваат да го почитуваат традиционалниот мировен период што ги придружува најголемите спортски настани.

Примирјето ќе стапи на сила седум дена пред свеченото отворање и ќе трае до седум дена по завршувањето на Параолимписките игри.

Целта е да се обезбеди безбеден пристап и учество за сите спортисти и официјални лица, без оглед на глобалните политички околности.

Резолуцијата го истакнува спортот како средство за обединување и дијалог во време на зголемени меѓународни тензии.

Воедно се поздравува и фактот што Олимписките игри Милано Кортина 2026 ќе бидат најродово избалансираните Зимски игри досега.

Олимпискиот комитет на Македонија ја поздрави одлуката и најави дека продолжува со подготовките за учество на претстојната олимписка сцена, со посветеност кон вредностите на мир, почит и спортски дух.

To top