Останати спортови

Млада Индијка го воодушеви светот во стрелаштво, освои бронзен медал без раце (ВИДЕО)

Млада Индијка го воодушеви светот во стрелаштво, освои бронзен медал без раце (ВИДЕО)

Француската престолнина во овој период ги пречека сите натпреварувачки за Параолимписките игри, а од сите настани кои досега се понудија на програмата, најголемо внимание привлече една млада Индијка.

Шетал Деви е позната хероина во својата родна земја поради фактот што успева да има извонредни резултати во стрелаштво иако нема горни екстремитети, но резултатот кој го забележа на Параолимписките игри сега и донесе планетарна популарност.

Деви освои бронзен медал во мешани тимови и воодушеви со начинот на кој успева да демонстрира прецизност, бидејќи техниката која ја употребува е досега невидена на едни игри.

17-годишната Индијка го држи лакот со својата десна нога и стрелите ги исфрла со помош на устата, но неверојатната прецизност направи да стане вирален хит, но истовремено и олимписки медалист.

Вештината која ја прикажа Деви ги воодушеви сите медиуми кои известуваат за Параолимписките игри во Париз, а голем впечаток остава и нејзината изјава.

– Сакам да им испратам порака на родителите кои имаат деца со попреченост. Ве молам поддржете ги своите деца, тие се спосебни на се во својот живот и можат да освојат медали. Јас сум пример за тоа, – изјавила младата Индијка.

 

To top