Миљана Рељиќ не успеа преку квалификациите да обезбеди норма за учество на Летните олимписките игри во Париз.
Македонската таеквондистка на квалификацискиот турнир во Софија, Бугарија, беше поразена од Холанѓанката Ами Минк со 2:0 во рунди.
Во текот на втората рунда Рељиќ од 0:1 стекна предност од 5:1, но судиите донесоа одлука да ги избришат нејзините поени.
Така, таеквондото кое требаше да ни биде главниот спорт преку кој се надевавме најмногу на олимписки медал годинава ќе остане без македонски учесници во Париз.
Според најавите Рељиќ ќе се обиде да освои медал на Европското првенство во мај во Белград, Србија.