Останати спортови

Миленкоски: Златната лига е одлична можност да ја темпираме формата за евро-квалификациите

Миленкоски: Златната лига е одлична можност да ја темпираме формата за евро-квалификациите

Селекторот на машката одбојкарската репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, ги изнесе своите гледишта и очекувања за претстојните натпревари во европската Златна лига, потенцирајќи дека атмосферата е одлична и сите играчи се среќни што се повторно заедно.

Македонија ќе ја искористи Златната лига како убава увертира во квалификациите за Европското првенство, а тоа го потврди и селекторот кој третпат во кариерата го предводи националниот тим.

„Предизвик имало и секогаш ќе има. Атмосферата е одлична и на завидно ниво, видовте и самите дека играчите се многу среќни што се заедно. Имаме многу тежок распоред, најпрво Европската лига а потоа и квалификациите за континенталниот собир. Се натпреваруваме со најсилните репрезентации во Европа и тоа е повеќе од добредојдено за нас. Погодотвките овој пат ќе бидат малку скратени, не знам колку ќе бидеме спремни за мечевите со Финска и Словачка, но знам дека ќе се потрудиме да го дадеме нашиот максимум.

Дел од играчите порано ја завршија сезоната, така што ќе се трудиме повеќе да ги подготвиме индивидуално, затоа што се надвор од тренажен процес подолго време.

Мислам дека ќе бидеме во добра форма кога ќе ги пречекаме Израел и Црна Гора во Струмица, а главната цел секако ќе бидат квалификациите за Европското првенство и најважниот меч против Грција“, заклучи селекторот.

Македонија ги започнува предизвиците во Златната лига со мечевите против Финска и Словачка, кои ќе се одиграат на седми и осми јуни. Што се однесува до мечевите од квалификациите за Европското првенство, најпрво ќе играме со Грузија на 28 јуни, а дуелот против Грците е закажан за 13 август.

To top