Останати спортови

Миа Блажевска-Еминова освои три медали на пливачки митинг во САД

Миа Блажевска-Еминова освои три медали на пливачки митинг во САД

Македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова учествуваше на пливачки митинг во Хјустон, Тексас, Соединетите Американски држави и успеа да освои три медали.

На натпреварот кој го носеше името „Биг Вест Конференс“, Блажевска Еминова беше дел од Универзитетот Хаваи кој го освои првото место.

Македонската олимпијка настапи во штафети каде освои сребрен и бронзен медал, а исто така во дисциплината 200 јарди делфин освои бронзен медал со време 1:59.62 минути.

To top