Тимот на Мекларен го продолжи договорот со Мерцедес. Осумкратниот светски шампион во конкуренција на конструктори ќе вози на погонот на Мерцедес до 2030 година.
Мекларен соработува со Мерцедес од 2021 година и со нов четиригодишен договор ќе стане првиот клиент на брендот според новите регулативи за погонски единици кои стапуваат на сила во 2026 година.
Моторите, кои веќе се хибридни, ќе имаат зголемување на електричната моќност и ќе користат 100 проценти одржливо гориво.
Мекларен и Мерцедес соработуваа од 1995 до 2014 година, британскиот тим во периодот 2025-2017 ги користеше моторите на Хонда, а потоа и Рено од 2018 до 2021 година.