Останати спортови

Маверик Вињалес до победа на МотоГП трката во Остин

Маверик Вињалес до победа на МотоГП трката во Остин

Шпанскиот МотоГП возач Маверик Вињалес го освои првото место на трката која се одржа во Остин, Соединетите Американски Држави.

Возачот на Априлија имаше слаб старт, беше зад ривалите, но потоа извозе извонредно и дојде до првото место со кое испиша историја.

Имено, Шпанецот стана првиот кој дошол во Остин до победа со трет различен тим, по победите со Сузуки и Јамаха.

Подиумот во Остин го комплетираа Педро Акоста и Енеа Бастианини, а потоа следеа Хорхе Мартин, Франческо Бањаја, Фабио Ди Џанантонио, Алеиш Еспаргаро, Марко Беѕеки, Бред Бајндер и Раул Фернандез.

Во генералниот пласман прв е Хорхе Мартин со 80 поени, пред Енеа Бастианини со 59 поени и Маверик Вињалес со 56 поени.

To top