Останати спортови

Марко Шварц ја покори Алта Бадиа

Марко Шварц ја покори Алта Бадиа

Австриецот Марко Шварц приреди вистинска спортска бајка во италијанските Алти, триумфирајќи во велеслаломската трка од Светскиот куп.

Ова е прва победа за Шварц по пауза од точно 1.032 дена во оваа дисциплина, и негов прв триумф воопшто по цели две години исполнети со тешки повреди и долга рехабилитација.

На второто место, со само 0.18 секунди заостанување, заврши сензационалниот Лукас Пињеиро Братхен. Скијачот кој сега се натпреварува под бразилско знаме, покажа зошто е еден од најголемите шоумени во спортот, изведувајќи „супер-човечко“ второ возење кое за малку ќе му ја донесеше победата.

Сепак, најголемото изненадување е шестото место на неприкосновениот Марко Одермат. За првпат по март 2021 година, швајцарскиот маестро заврши велеслаломска трка, а притоа не се искачи на подиумот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Овој резултат значеше и промена на врвот во генералниот пласман во велеслалом, каде нов лидер е искусниот Австриец Штефан Бренштајнер, кој денеска заврши како трет.

To top