Големиот шампион Марк Маркез запиша уште една победа во сезоната во Мото ГП, откако беше најбрз на трката за Големата награда на Сан Марино.
На второто место се пласираше Марко Бечеки, додека трет заврши Алекс Маркез.
Марко Бечеки имаше одличен старт пред домашната публика, водејќи долго време пред Марк Маркез, кој го престигна својот брат Алекс на стартот.
Возачите на Априлија и Дукати веднаш се одвоија, а по грешката на победникот на вчерашниот спринт во 12-тиот круг, Шпанецот ја искористи можноста, го престигна Бечеки и забележа уште една победа оваа сезона.
Во десетте најдобри возачи беа уште Франко Морбидели, Фабио ДиЏанантонио, Фермин Алегри, Лука Марини, Фабио Куартараро, Мигел Оливеира и Бренд Биндер.