Австрискиот скијач Mануел Фелер оствари победа во слаломската трка од Светскиот куп што денеска се возеше во Kицбил, триумфирајќи со време од 1:40,60 минути.
Второто место го освои Швајцарецот Лоик Мејар, кој водеше по првото возење, но на крајот заостана 0,35 секунди зад Фелер.
На третата позиција заврши Германецот Линус Штрасер со заостаток од 0,53 секунди.
Четврто место му припадна на Бразилецот Лукас Пинејро Бротен, петти беше Финецот Едуард Халберг додека Арман Маршан од Белгија ја комплетираше најдобрата шесторка.
Со оваа победа, Фелер уште еднаш ја потврди одличната форма на домашен терен, во еден од најпрестижните слаломски настани во календарот на Светскиот куп.