Останати спортови

Макс Верстапен со историски круг на „Сузука“ дојде до пол-позиција на оваа трка

Макс Верстапен со историски круг на „Сузука“ дојде до пол-позиција на оваа трка

Шампионот Макс Верстапен одново покажа дека е најдобриот возач во Формула 1, па иако има релативно побавен болид од дуото на Мекларен успеа да извлече најбрз круг на трката за Големата награда на Јапонија.

Ова беше всушност и најбрз круг во историјата извозен на легендарната „Сузука“. Верстапен во фото-финиш стигна до време од 1:26,983, што беше доволно за да го преземе врвот.

Холанѓанецот беше за само 0,012 секунди побрз од Ландо Норис, додека третопласиран заврши Оскар Пиастри со 0,044 заостанок. Вториот стартен ред го затвора Шарл Леклер.

Трката за Големата награда на Јапонија се вози в недела во 07:00 часот.

 

To top