Макс Ферстапен полека влезе во фаза од кариерата во која поставува нови стандарди во Формула 1, не само со доминацијата во однос на конкуренцијата, туку и со израмнување на некои историски потфати кои датираат од пред три и пол децении.
Холанѓанецот извозе најбрз круг во квалификациите на трката за големата награда на Емилија Ромања, па така утре ќе стартува прв на главната трка на Имола.
Последен пат таков потфат се памети од далечната 1989-та година, кога осум пати во низа прв стартувал легендарниот и неповторлив Аиртон Сена.
Зад Ферстапен ќе стартува амбициозниот двоец на Мекларен – Пјастри и Норис, а вториот стартер ред го комплетира Шарл Леклер од редовите на Ферари. Зад него е тимскиот колега Карлос Саинц, а меѓу првите десет се најдоа Расел, Цунода, Хамилтон, Рикардо и Хулкенберг.