Останати спортови

Македонските одбојкарки поразени од Грција

Македонските одбојкарки поразени од Грција

Женската сениорска репрезентација на Македонија го впиша четвртиот пораз во квалификациите за Европското првенство.Во СЦ ,,Борис Трајковски” во Скопје, Македонија загуби од Грција со 0:3 во сетови.

Кратко траеше рамноправноста во првиот сет, само до 3-3, по следуваше серија на противниците од 0-6. И во продолжението тешко одеше поентирањето, па наредните три поени ги добивме по сервис грешки на противничките. Сепак разликата веќе беше двоцифрена и беше јасно дека Грција ќе го добие сетот. На крајот тоа беше и убедливо со 8-25.

Уште полош стар имавме на вториот сет. Во него првиот поен дојде откако Грција веќе имаше освоено шест. И тој сет гостинките од Грција го добија експресно и убедливо со 11-25.

Третиот беше само чиста формалност, а и тој им припадна на противничките со 19-25. .За македонските одбојкарки тоа беше третиот пораз во исто толку одиграни натпревари, во кои сеуште немаат освоено сет.

Последниот меч македонските одбојкарки ќе го играат на 9 август на гости кај Австралија.

To top