Македонската машка одбојкарска сениорска репрезентација во Колашин го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Црна Гора.
На првиот тест против Црногорците загубивме со 3:1 во сетови, првиот беше најнеизвесен кој го добија ривалите со 31:29.
Црногорската селекција ја зголеми позитивата во сетови откако го доби и вториот со 25:22. Успеавме да намалиме на 2:1 во сетови откако бевме подобри во третиот со 25:22, а во четвртиот Црна Гора славеше со 25:20.
За нашата репрезентација доминираше Никола Ѓоргиев со 24 поени, а на спротивната страна Војин Чачиќ реализираше 19.
По договор на двајцата селектори беше одигран и петти сет во која Црна Гора триумфираше со 25:16.