Македонската машка одбојкарска репрезентација се подготвува за квалификациските натпревари за Европското првенство, каде ќе играат со Грција и Грузија.
Нашите одбојкари допатуваа во црногорскиот град Колашин, каде што викендов ќе одиграат две тест средби со домашната селекција.
Натпреварите против Црна Гора ќе бидат првите контролки по првата фаза на подготовките која се одвиваше во Маврово.
Во август нашите одбојкари ги очекува меч на гости со Грузијa и домашна пресметка со Грција во рамките на квалификациите за Европското првенство 2026 година.