Останати спортови

Македонските одбојкари ги добиваат своите противници за ЕП

Македонските одбојкари ги добиваат своите противници за ЕП

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија , на ждрепката од 20:45 часот во италијанскиот град Бари ќе ги добие противниците во групната фаза од Европското првенство 2026 година.

Машкиот национален тим по четврти пат во низа ќе учествува на едно континентално натпреварување, каде е во друштво со уште 23 селекции меѓу кои и новиот светски првак Италија, како и сребрениот тим од последното Светско првенство – Бугарија, заедно со Романија и Финска како домаќини на 34. ЕвроВолеј следната година.

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовки ќе бидат македонските претставници на ждрепката, која ќе се одржи на историска локација, норманскиот замок Свево во Бари, изграден во дванаесеттиот век.

 

 

To top