Андреј Ѓурчиновски, нашиот јуниорски снукер шампион, и актуелен билјард првак во сениорска конкуренција на Македонија, викендов, на European Pool Open во Сараево, Босна и Херцеговина стана и прв победник WNT Next Generation.
Ова е настан кој паралелно за прв пат се организира за најдобрите светски јуниор до 16 години, паралелно со главниот настан од Билјард про турата.
Без пораз Ѓурчиновски успеа да стигне во финалето.