Останати спортови

Македонски и бугарски одбојкарски клубови играа за Кочани

Македонски и бугарски одбојкарски клубови играа за Кочани

Викендов во спортската сала „Христо Татарчев“ во општинскиот центар Ново Село, одбојкарките на ЖОК Ново Село и ОК Медиус Волеј од Сандански, Бугарија одиграа два пријателски натпревари кои имаа хуманитарен предзнак.

Средствата од влезниците ги наменија за поддршка на семејствата на трагично загинатите во Кочани минатиот месец.

Двата тима покажаа хуманост при што воспоставија и мост на пријателство и соработка. Спортот и хуманоста обединува, порачаа двата клуба чија соработка ќе продолжи и во иднина во интерес на младите и одбојката од двете страни на границата.

Двата тима забележаа победи во двата натпревари. Медиус Волеј од Сандански во саботата славеше со 3-2, додека во вториот натпревар ЖОК Ново Село славеше со 3-1 во сетови. Двата тима настапија со кадетскиот и пионерскиот состав, но резултатите беа во втор план.

To top