Нашите одбојкари ја забележа првата победа во рамките од Златната лига откако убедливо го совладаа Азербејџан со 3-0 (25:17, 25:17 и 25:18).
Избраниците на селекторот, Хари Наковски, доминираа во текот на мечот и сосема заслужено ги прокнижија првите бодови по лошиот старт во Струмица и двата пораза.
Никола Ѓоргиев и Филип Савовски обезбедија по 15 поени додека Стојан Илиев освои десет. Утре на истата локација во Белгија ќе излеземе на мегдан со домаќниот Белгија.