Македонија ќе ја представува еден атлетичар на СП за младинци во атлетика кое ќе се одржи во Лима, Перу.
Во периодот од 27 до 31 август ќе се одржи настанот за атлетичари под 20 години каде ќе настапи Владимир Битољану.
Атлетичарот својот настап ќе го има во четврток во 19:05 часот, каде ќе се обиде да го собори сопствениот младински рекорд на 200 метри кој изнесува 21.64 секунди. Заедно со Владимир во Перу е отпатуван и неговиот тренер Кристијан Кајчевски.