Овој викенд на езерото Скресови близу местото Гарешница во Хрватска поточно во сабота и недела ќе се одржи 18-то издание на Балканското првенство во спортски риболов или попознат како Јадранско- подунавски Куп.
Нашата држава ќе ја представуваат два клуба во името на ЗСРРК МАК ДАМ од Куманово и ЗСРРК КРКУШКА од Велес. За тимот на МАК ДАМ од Куманово ќе се натпреваруваат Марјан Вељановски Васил Хаџиски, , Тони Поповски, Марјан Ристиќ, Зоран Стојмановски и Далибор Јаневски .
За велешкиот тим ќе настапат Марјан Кралев, Тодор Алчев , Славче Казаков, Мирослав Андреев , Тони Петров и Борче Оцејдов.
На првенството учествуваат вкупно 12 екипи од Словенија, Србија ,Црна Гора ,Босна и Херцеговина и секако домаќинот Хрватска .