Македонскиот олимписки тим е подготвен за Зимските Олимписки игри во Кортина, Милано во Италија.
Нашата земја ќе има четири олимпијци кои ја исполнија квотата и ќе ги бранат државните бои.
Во нордиско трчање на спринт и интервал старт трка на 10 километри ќе се тркаат Ана Цветановска во женска и Ставре Јада во машка конкуренција. Од друга страна, натпреварувачи во алпско скијање на слаломската и велеслаломската трка ќе бидат Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски.
Македонскиот олимписки комитет најави дека сите се подготвени за предизвикот.
Се очекува во наредните денови да бидат утврдени и точните термини кога олимпијците на Македонија ќе се тркаат на ЗОИ 2026.