Останати спортови

Македонија против Словенија и Црна Гора на Дејвис Купот во Улцињ

Македонија против Словенија и Црна Гора на Дејвис Купот во Улцињ

Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија се подготвува за натпреварите од Третата европска зона, кои ќе се одиграат во црногорскиот Улцињ.

На денешната ждрепка Македонија беше сместена во групата А, каде ривали ќе ни бидат Словенија и Црна Гора.

Македонскиот тим е составен од Димитар Грабул, Шендрит Деари, Берг Бугариќ и Амар Хусеиновиќ, а селектор е Горан Шевченко.

Нашите тенисери во моментов го заземаат 87. место на светската Дејвис Куп ранг-листа.

Од нашите ривали најдоброрангирана селекција е Словенија (носител на групата), додека Црна Гора е домаќин на турнирот и ќе има голема поддршка од навивачите.

Пласман во Втората евро-африканска зона ќе обезбедат двете првопласиран репрезентации од групите, како и победникот од баражот на второпласираните репрезентации.

To top