Браќата Рустемовски обезбедија три финалиња за Македонија на Балканското првенство во бокс кое се одржува во Лозница, Република Србија.
Во сениорска конкуренција Ален и Ружди Рустемовски со одлични борби обезбедија две финалиња во сениорска конкуренција, а да подсетиме Ардијан предходно исто така избори место во финалето во својата конкуренција.
Ова е еден од најголемите успеси на балканските првенства во најновата историја на овој спортѕ во нашата држава.
Ален Рустемовски славеше со прекин во втората ринда против Михајло Џекиќ од Босна и Херцеговина, додека Ружди го победи Украинецот Русијан Шилов со едногласна судиска одлука 5-0.
Ебуталип Агушев и Лука Трифуновиќ, додека Енис Алиу беше поразен со прекин во втората рунда.
И покрај поразот македонските репрезентативци Агушев, Трифуновиќ и Алиу освоија бронзени медали.
Млади:
Финале
54 кг – Ардијан Рустемовски – Максим Зименко (Украина) финале 22 ноември
57 кг – Ебуталип Агушев – Максим Шулха (Украина) 0-5 ТКО Р1½ финале
67 кг – Лука Трифуновиќ – Владислав Чиниук (Украина) 0-5 ТКО Р1½ финале
Сениори:
57 кг – Ален Рустемовски – Михајло Џекиќ (БиХ) 5-0 ТКО Р2 ½ финале
Финале
57 кг – Ален Рустемовски –Денис Роздолски (Украина) 23 ноември
Финале
60 кг – Ружди Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија) 23 номеври
71 кг Енис Алиу – Албан Беќири (Албанија) 0-5 ТКО Р2 ½ финале