Македонската маша одбојкарска репрезентација против Косово со прва победа од 3-0 на 48-то издание на традиционалниот меѓународен одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка, во салата „Парк“ во Струмица.
Македонија првиот сет го доби со 25-12, во вториот одигра перфектно за 25-7, а во третиот победата ја потврди со 25-19.
Капитенот Никола Ѓорѓиев мечот го заврши со 12 поени од коишто 11 од напад, Александар Љафтов имаше девет поени, нашиот техничар, Ѓорѓи Ѓориев, запиша седум поени, од коишто два на сервис.
По пет поени реализираа Владо Милев и Филип Савовски, а четири имаше Стојан Илиев. Во сабота, Македонија ќе игра против Израел.