Ева Петровска и Никола Ѓуретановиќ на Летните олимписки игри ќе настапат откако денеска добија специјална покана од Светската пливачка федерација (ФИНА).
Ѓуретановиќ ќе настапи на 27. јули во квалификациите за трката на 400 метри слободно, додека Петровска ќе се појави на 2. август во квалификациите за трката на 800 метри слободно.
Претходно настап на Олимписките игри обезбедија атлетичарот Дарио Ивановски, борачот Владимир Егоров, Анастасија Мојсовска во дисциплина спортско стрелаштво и Мила Рељиќ, која неодамна стана европска шампионка во таеквондо.