Македонската машка одбојкарска репрезентација се подготвува во Маврово за натпреварите од квалификациите за Европското првенство.
Во пресрет на овие средби еве ги очекувањата на еден од репрезентативците Филип Маџунков.
„Припремите течат во најдобар ред. Во Маврово ги имаме сите потребни услови за првиот дел од подготовките. Сега ја подигаме формата, ќе почнеме да работиме и во постава шест на шест, а со тоа ќе ја темпираме формата за првиот меч со Грузија. Од тој натпревар јас лично очекувам победа, а зошто да не ја победиме и Грција“, изјави Маџунков.
Македонија во квалификациската група Ф ќе се судри со Грузија и Грција. Првиот натпревар го играме на гостински терен кај Грузијците на 17 август, додека против Грците се игра осум дена подоцна во Скопје.