Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри откако во два сета го совлада Александер Зверев кој го бранеше трофејот.
Мусети двата сета ги доби со идентични 7-5 и 7-5.Во полуфиналето Мусети ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.
Претходно Алкараз со 2-0 (6-3, 7-6) го совлада Пол и се пласираше меѓу четирите најдобри на Олимписките игри.