Останати спортови

Франческа Лолобриџида со второ злато за ветеранката во брзо лизгање

Франческа Лолобриџида со второ злато за ветеранката во брзо лизгање

Италијанката Франческа Лолобриџида го освои својот втор златен олимписки медал, триумфирајќи во трката на 5.000 метри, со време од 6:46,17 минути.

Второто место и сребрениот медал на големо изненадување го освои Холанѓанката Мерел Конин со резултат од 6:46,27 минути, заостанувајќи само 10 стотинки зад победничката.

Третото место ѝ припадна на фаворизираната Норвежанка Рагне Виклунд, која влезе во последниот круг со повеќе од две секунди водство, но на крајот заврши третопласирана, освојувајќи го својот втор медал во Италија, по среброто во трката на 3.000 метри.

To top