Останати спортови

Лоик Мејар од Швајцарија го освои златото на слаломот во Милано и Кортина

Лоик Мејар од Швајцарија го освои златото на слаломот во Милано и Кортина

Швајцарскиот скијач Лоик Мејар го освои златниот медал во слалом на Олимписките игри, потврдувајќи ја својата одлична форма и техничка супериорност на највисоко ниво.

Со одлични две возења и вкупно најдобро време (1.53,61), Мејар заслужено се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Второто место му припадна на Австриецот Фабио Гштрајн, кој заостана неколку десетинки зад победникот, додека трет заврши Норвежанецот Хенрик Кристоферсен , освојувајќи бронзен медал по стабилен настап во двете трки.

To top