Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов знае дека публиката може да биде клучниот адут за наш успех и пласмана на ЕП и очекува полни трибини и поддршка од навивачите за мечот со Грција.
„Најважниот натпревар со Грција, помина Грузија и очекуваната победа дојде и покрај напорниот пат. Ако ја победиме Грција веќе сме со една нога на ЕП во 2026. Но ајде прво да победиме, сакам да ги замолам сите љубители на одбојката и на спортот да дојдат во недела и да не бодрат, заедно да издвојуваме победа. Ако не победиме нема да биде крај зошто имаме уште два натпревар следното лето, така да шансите се големи“, изјави Љафтов:
Како што објави ОФМ, влезот на мечот во „Јане Сандански“ во недела кој се игра од 20:15 часот ќе биде слободен