Швајцарецот Лоик Мелард е победник на последниот супервелеслалом во сезонава во Залбах во Светскиот куп и со тоа ја прекина победничката серија на Марко Одермат од 12 триумфи по ред во оваа дисциплина.
Одермат, инаку освојувач на „Кристалниот глобус“ за оваа сезона, излета од патеката и со тоа му го отвори патот до победата на Мелард (со време 2:36,27 минути).
За Мелард ова е втора победа во супервелеслаломот во Светскиот куп, а севкупно четврта победа во кариерата во СК.
На второто место се пласира Жоан Верду со 0,71 секунди заостанување зад победникот. Трет заврши Томас Тумлер.